ВЕЛ ЕКСПРЕС ДООЕЛ ГЕВГЕЛИЈА овозможува рефундирање на средства за производите кои се купени и платени од е-продавницата www.welexpress.eu, под долунаведените услови:

  • Доколку производите кои сте ги добиле не одговараат со форма, боја, вид, крој или на било кој начин со вашите очекувања, може да побарате замена на производот за друг производ. Во случај на непостоење можност за замена имате право на поврат на средствата според условите наведени овде.
  • Контактирајте нè најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката на телефонскиот број  +38977507000 или испратете ни е-пошта со своите податоци (име, презиме и телефон) на адресата welexpressbusiness@gmail.com со наслов „Рефундурање на средства“, и наведете ги причините поради кои сакате да направите замена, односно, враќање на производот. Во најкраток можен рок, нашиот оператор ќе ве извести за понатамошната постапка.
  • Производот може да го вратите или замените во рок од 7 дена од денот на направената нарачка. Производот мора да биде неоштетен и неупотребуван, со оригиналната етикета. Во таква состојба, уредно спакуван можете да го вратите производот во ВЕЛ ЕКСПРЕС ДООЕЛ ГЕВГЕЛИЈА на адреса: ул. Гоце Делчев бр. 43, Мрзенци, Гевгелија. Трошоците за достава при замена и враќање се на товар на купувачот.
  • По приемот на производот се утврдува дали производот е неоштетен и неупотребуван, по што продолжуваме кон испраќање соодветна замена или враќање на парите.
  • Во случај да барате враќање на паричните средства, откако ќе го вратите производот во ВЕЛ ЕКСПРЕС ДООЕЛ во горенаведената состојба, средствата во висина на износот на нарачката освен трошоците за достава ќе ви бидат префрлени на истата трансакциска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот или на сметка која ќе ја посочи купувачот доколку плаќањето го вршел при испорака. Трошоците за достава не се рефундираат.

Последни промени: 25.02.2021 год.

Главно мени

×